Вакво нешто никогаш не сте виделе: Бебе родено со недопрена постелка!

Малиот Силас Џонсон е вистинско чудо на природата! Иако е роден предвремено, со царски рез, од неговата мајка е изваден потполно во цела амнионска кеса исполнета со плодова вода. Ве предупредуваме дека некои од фотографиите за некого би биле можеби и вознемирувачки.

Пред десетина недели, трудницата Челси Филис завршила на оперативната маса каде акушерите морале итно да ѝ направат царски рез. Едноставно кажано, нејзиното синче морало да се роди дури три месеца пред неговиот термин. Меѓутоа, она што се случило во текот на породувањето, никој не го очекувал ниту најмалку!



Кога бебето било извадено од стомакот на мајката, тоа било направена со целосно недопрена постелка исполнета со амнионска течност, што значи дека бебето сè уште можело да се снабдува со кислород и сите неопходни нутритиенти преку плацената и папочната врвка.

- Можеби ќе звучи како вистинско клише, но сите во операционата сала останавме без здив! Тоа беше момент кој влева стравопочитување, раскажа Вилијам Бајндер, еден од докторите кој беше заслужен за доаѓањето на Силас на овој свет, кој се досетил токму во вистинскиот момент да го фотографира ова невообичаено бебе.




Се работи за исклучително редок феномен, а веројатноста за ова да се случи е 1:80.000. Во нормална ситуација, кога фетусот е доволно зрел, воденикот пука, што претставува прв знак дека започнуваат контракциите и дека породувањето може да започне.

Но, постелката на ова дете и при самото породување останала надуена како балон, бидејќи воденикот на оваа мајка во текот на целата процедура не пукнал. На тој начин ова бебе, иако било извадено од утробата на неговата мајка, се уште не можело да започне да вдишува воздух со сопствените бели дробови, туку и понатаму се хранело преку папочната врвка која била поврзана сè уште со постелката.




Меѓутоа, кога вакво нешто ќе се случи, докторите мора многу брзо да реагираат, и да го извадат бебето од природната кеса, бидејќи постои минимална можност во спротивно детето да се удави во плодовата вода.

За среќа, оваа приказна има среќен крај и Силас, после некое време минато во инкубатор, е веќе отпуштен од болница и е веќе во својот дом.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О