Путин лут на Србија: Еве што им замерува на Србите претседателот на Русија

Претседателот на Русија ѝ замерува на Србија многу работи, а како резултат на тоа следеле напади на руската телевизија кон Владата на Србија. Еве зошто Путин толку многу се налутил.

После веста дека Руската државна телевизија изминатите неколку дена жестоко ги напаѓала Александар Вучиќ и српската влада, затоа што таа одлучила да соработува со компанијата на поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер, се огласи и државниот секретар на САД Џон Кери, кој изјави дека Србија се наоѓа на „линија на огнот“ измеѓу Русија и Америка.




Еве кои работи толку го налутиле Путин:

» После колапсот на јужниот тек, премиерот на Србија Александар Вучиќ разговарал со Бајден за снабдување со американски гас

» Српскиот шеф на дипломатија Ивица Дачиќ во име на Србија потпишал со НАТО Акционен план за партнерство

» Русите сакале тендерот за Железара да биде направен на тој начин што нивните фирми ќе имаат најголеми шанси

» Владата на Србија ја ангажирала конултантската фирма на Тони Блер

» Белград ја продолжил примената на Бриселскиот договор со Приштина

„Оваа земја ја води Вучиќ, ја води од Белград, не ја води од Брисел, не ја води од Вашингтон и не ја води од Москва. И тоа на сите мора да им биде јасно“, рекол Вулин за Телевизија Пинк по повод критиките на телевизијата “Russia Today” поради соработката на српската влада со консултантската компанија на поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер.



Наведувајќи дека таа телевизија не е официјална руска државна телевизија, Вулин рекол дека Србија ќе ги почитува сопствените интереси, дека тоа некогаш им е по волја на едните, некогаш на другите, но она што е „единствено важно е дека Вучиќ и по волја на Србија“, пренесува српски Телеграф.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О