Шеснаесетгодишната ќерка на славниот актер е вистинска убавица

Додека нејзиниот татко се прослави во акционите филмови, изгледа дека таа има речиси загарантирана блескава кариера во светот на модата.

Имено, времето на шеснаесетгодишната Систина Роуз Сталоне допрва доаѓа, ако се има во предвид дека таа сега се повеќе се пробива на светската модна сцена, а неодамна била и дел од американскиот магазин ”Teen Vogue”.

Младата убавица се обидува да оствари манекенска кариера, за што очигледно ги има и сите предиспозиции. Убава е, висока е, а има и дел од карактеристиките на нејзиниот славен татко, легендарниот Силвестер Сталоне.

“Од татко ми ги имам наследено смислата за хумор и работната етика”, изјавила Роуз, која изгледот очигледно го наследила од својата мајка Џенифер Флавин, која исто така е поранешен модел.

 

“Мама ме научи дека манекенството всушност е глума. Ме научи како да ја покажам својата добра страна, како да се движам по пистата, како да станам некој друг... Модата всушност е менување на личноста преку облеката”, изјавила 16 годишната девојка за која светот веројатно допрва ќе слуша.

Таа открила и дека нејзиниот славен татко се уште не и дозволува да излегува со момчиња, но затоа ја научил и како да удри маж и како да се одбрани. 







ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О