Објавена снимка од убиецот на Борис Немцов

Руската телевизија "LifeNews" објавила видео снимка од бел автомобил, во кој наводно биле осомничените за убиството на опозиционерот Борис Немцов.

Како што наведува телевизијата, камерите го снимиле автомобилот во 23:39 часот, само две минути откако непознатите напаѓачи истрелале неколку куршуми во Немцов. Медиумите наведуваат дека во него било пукано од автомобил во центарот на Москва.

Полицијата соопштила дека политичарот бил убиен со пиштол "Макаров", и додала дека очигледно станува збор за планиран напад, кога тој шетал во друштво на украинската манекенка Ана Дурицка.

"Локацијата и времето на нападот јасно укажуваат на тоа дека ова е организиран напад. Немцов во друштво на пријателка одел кон неговиот стан. Тие точно знаеле за неговата рутина на движење", наведува полицијата.

Напаѓачите, велат органите за ред, по нападот побегнале на улицата Баљшај Ординк.

Министерството за внатрешни работи сè уште не се огласило по повод снимката која се појавила на интернет. Полицијата соопштила дека овој напад е политички мотивиран, но не ја исклучуваат и можноста да се работи за одмазда на радикални исламисти.

Немцов во последните месеци добил неколку смртни закани, најмногу поради неговите коментари за убиството на карикатуристите од неделникот "Charlie Hebdo" во Париз.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О