Ова се најголемите масовни убијци во историјата, на листата се нашол и Јосип Броз Тито

Британски "Daily Mail" објавил листа на најголеми масовни убијци на 20. век, а на листата се наоѓа и југословенскиот лидер, Јосип Броз Тито.

Во текот на 20. век, светот бил сведок на смрт и масакри од невидени разбери. Тоа било векот на Холокаустот и две светски војни, век во кој комунистите, нацистите, фашистите и воените диктатори убиле повеќе од 100 милиони луѓе.




Жртвите биле од сите делови на светот - од Обединетото Кралство, Франција и остатокот од Европа, преку Авганистан и Ирак, па се до Кореја и Виетнам.




Daily Mail направил листа на најголемите масовни убијци на 20. век.




На прво место се нашол Мао Це Тунг, кинески лидер. Кинескиот политичар и лидер на комунистичкиот режим, е најголемиот масовен убиец во историјата. Повеќето негови жртви биле Кинези, кои по доаѓањето на комунистите на власт, умирале од глад за време на неговиот "Голем чекор напред", или биле убиени во работни кампови за време на Културната револуција. Неговото владеење довело до сиромаштија на огромен број на луѓе, а се проценува дека бројот на жртви изнесува 60 милиони.




Наследникот на Ленин, Јосиф Сталин, го заземал второто место на оваа листа. Земјоделската политика на Сталин довела до голема глад и масовно изгладнување во Советскиот сојуз. "Чистките" на Сталин имале за цел ослободување од политичките неистомисленици, а метите често биле убивани или затворени во работни логори. Во тој период настрадале голем број на луѓе, а се проценува дека бројката изнесува 40 милиони.




Нацистичкиот лидер Адолф Хитлер го заземал третото место. Најозлогласеното злосторство на 20. век, Холокаустот, се случило по негов налог, а суровоста на нацистичката партија и денес не престанува да ги шокира луѓето. Околу 30 милиони луѓе настрадале поради неговото настојување Третиот рајх да стане Главна светска сила.




На листата се наоѓа и белгискиот крал Леополд, со 8 милиони жртви за време на колонизацијата на Конго, јапонскиот генерал Хидеко Тоџо, со 5 милиони јапонски жртви за време на Втората светска војна, отоманскиот лидер Енвер Паша, со 2 милиони убиени Ерменци, Грци и Асиријци, диктаторот на Камбоџа Поп Пот, со убиени 1,7 милиони политички противници, севернокорејскиот лидер Ким Ил Сунг, со 1,6 милиони мртви политички противници и цивили.




Југословенскиот лидер Јосип Броз Тито, лидер на Комунистичката партија на Југославија и претседател на СФРЈ, го заземал 13-тото место на оваа листа.




Daily Mail наведува дека за време на владеењето на Тито настрадале 570.000 политички неистомисленици, пренесува српски Telegraf.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О