Нарко-босот Ненад Опачиќ и неговата сопруга биле изрешетани на улица

Водичот на ветерничкиот клан Недад Опачиќ и неговата сопруга Јасмина биле убиени синоќа во Нови Сад, на улицата Браќа Дроњак број 16.

Според неофицијални информации, водичот на ветерничкиот клан, бил во посета на кумовите во новосадската Нова населба. Кога излегол со сопругата на улица и се упатил кон автомобилот, ги чекале напаѓачите кои во нив испукале десетина куршуми, пренесува српски Блиц.

Како што рекле од полицијата во Нови Сад, Опачиќ и неговата сопруга биле убиени измеѓу 00:00 и 00:15 часто по полноќ на улицата Браќа Дроњак.

Според информациите од полицијата, веднаш после убиството, полицијата го блокирала градот. Припадници на полицијата вооружени биле распоредени по градот.



Ненад останал мртов на лице место, додека неговата сопруга починала на патот кон болница. Во него биле испукани пет, а во неа три куршуми.

Началникот на полициската управа во Нови Сад, Синиша Радаковиќ, изјавил дека во интерес на истрагата, моментално не може да изнесе детали за овој настан во јавноста.

„Убиството е направено од страна на засега неидентификувано лице или повеќе лица, а сите потенцијали на полициската управа на Нови Сад се ангажирани во пронаоѓање на сторителите“, изјавил Радаковиќ.



Според првите неофицијални информации, убиецот туркал велосипед и носел фантомка, а во Опачиќ и неговата сопруга пукал пред влезот во зградата.



Кој беше Ненад Опачиќ?

Опачиќ бил уапсен во „Сабја“ во 2003 година. Со пресуда било потврдено дека како шеф на ветерничка група, се занимавал со препродажба на наркотици, како и дека бил соработник на земунскиот клан во неколку случаи на киднапирање и изнуда.

За време на судењето, со остра четка за заби го нападнал заштитениот сведок Миладин Сувајџиќ, пренесува српски Блиц.



Името на Опачиќ се врзува со многу имиња од светот на политиката. Со Вук Драшковиќ во 1990 организирал митинг во Сремски Карловци.

Тој бил пријател со Ненад Чанак, а ги чувал и Миодраг Исаков и Гордана Чомиќ. Го познавал и Зоран Ѓинѓиќ, кој после бомбардирањето во 1999 година го дочекал на аеродромот во Сурчин.

На судењето изјавил дека е политички затвореник и дека Душан Михајловиќ сакал да му се одмазди на Чанак и затоа барал негова смена после убиството на премиерот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О