Најозборуваниот филм за оваа година „Педесет нијанси сиво“ од утре во Cineplexx

Од време на време знае да се појавува некоја творба со сеизмичка снага и интрига која неочекувано ќе продре до широката публика и ќе стане светски позната само поради своето име. Таков феномен е „Педесет нијани сиво“. Откако првиот дел на приказната на Е.Л. Џејмс беше скромно издадена во 2011 преку онлајн издавачката куќа, нејзината трилогија „Педесет нијани“ постана една од најпознатите и најбрзо продавани серијали со преку 100 милиони копии на 52 јазици ширум светот. Филмската адаптација која беше предмет на шпекулации и бескрајни љубопитства, чиј трејлер стана најгледан филмски трејлер за изминатата година, доаѓа на големото платно во Cineplexx. Главните улоги на Кристијан Греј и Анастасија Стил, кои станаа икони на милиони читатели, им припаднаа на Џејми Дорнан и Дакота Џонсон.

Во приказната која подеднакво говори за спасувањето на недостижниот Кристијан и ослободувањето на неискусната Ана, протагонистите оживеаа за читателите кои уживаа во слабостите на ликовите и заплетканиот роман. Низ нив публиката си дозволи да ги истражи сопствените желби и фантазии. Во режија на Сем Тејлор-Џонсон, оваа еротска и љубовна приказна на авторката Е.Л. Џејмс не води длабоко во богатиот и мистериозен свет кој ја истражува комплексноста на машко-женските односи и границите до кои сме подготвени да одиме за да се предадеме некому.

Филмот за животот и кариерата на четирикратниот освојувач на Златната топка и првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, пристигнува во киното Cineplexx на 12 февруари. Без оглед дали сте љубител на ФК Барселона или само сакате да зборувате за луѓето кои се добри во тоа што го прават, филмот „Меси“ нема да ве остави рамнодушни.

Филмот го режираше прочуениот шпански режисер Алекс де ла Иглесија, кој инаку е познат по модерните хорор-филмови како и фантастика: „Ако го споредиме со Кристијано Роналдо, кој е шармантно згодно момче и кое ужива во својата слава и гламурозниот живот на ѕвезда, ќе видиме еден сосема различен човек. Меси не е таков. Тој единствено сака да игра фудбал и тоа е јазикот на којшто зборува. И токму тоа ме мотивираше и поради тоа сакав да снимам филм за него.“ Сценариото за филмот „Меси“ го напиша Хорхе Валадано, легендата на Реал Мадрид и освојувач на Мундијалот со Аргентина.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О