За споредба, бруто домашниот производ (БДП) на Швајцарија годишно изнесува 685 милијарди долари. Епл е побогат и од Шведска, Австрија, Данска, Израел...
„Епл“ сега е побогат и од цела Швајцарија!
Вредноста на американскиот произведувач на електроника Епл достигна рекордна капитализација од 710 милијарди долари, со што Епл стана најскапата фирма на светот.
Произведувачот на Ајфон и Ајпад сега чини 300 милијарди долари повеќе од „второпласираниот“ ЕксонМобил, а неговата вредност е два пати поголема од капитализацијата на неговиот долгогодишен главен ривал Мајкрософт. Акциите на Епл пораснаа во вторникот за 1,9 отсто, на 122,02 долари. Во јануари Епл собори историски рекорд по тромесечниот нето профит, заработувајќи за три месеци 18 милијарди долари.