Под фотографијата, која беше поставена на фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“ е напишано: Фотографирано во Скопје (катна гаража).
Инаку, моделот на БМВ на фотографијата е најновиот i8, хибриден спортски суперавтомобил. Тоа е најнов модел од 2015-тата година.
Овој автомобил забрзува од 0 до 100 км/час за само 4,4 секунди, а неговата крајна брзина е 256 км/час. Потрошувачката му е 2,1 литри гориво на 100 км.
Прв пат, како концепт, овој модел БМВ го презентирал во 2009-тата година на Саемот за автомобили во Франкфурт, Германија, додека верзијата за производство била претставена во 2013-тата година. Продажбата почнала прво во САД, во август, лани, додека глобалната продажба почнала во јануари, годинава.
Досега БМВ продал 2.170 единици i8, а неговата цена изнесува нешто повеќе од 100.000 евра.