Еве кој ќе добие 13-та плата

Во секоја институција 5% од најдобрите вработените како стимулација ќе добијат и 13-та плата, а предвидени се и мерки за тие кои ќе добијат ниски оценки во работењето.

„Дополнително во однос на напредокот на кариерата за вработените се поставуваат на почетокот на годината објективни индикатори од претпоставените и врз база на тие индикатори ќе се мери успешноста на вработениот. Оценувањето кое што ќе биде многу пообјективно од она што денес го има во Република Македонија, каде што ќе ве оценуваат тие што се ваши колеги, граѓаните и тие што се над и под вас, и се разбира најдобрите 5 проценти од вработените ќе добијат 13-та плата”, изјави Иво Ивановски, министер за информатичко општество.

Во новите закони предвидено е вработените во администрацијата да имаат и 40 часа поминато во обуки.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О