После 25 години повторно заедно. Еве како изгледаат денес!

Ова е филмот кој ја одреди целата генерација на модерни приказни за "пепелашки" и кој сè уште ја дига контроверзијата на пиедестал - особено кога знаеме дека се работи за проститутка и богат претприемач.

Верувале или не, поминаа 25 години откако Ричард Гир ја спаси Џулија Робертс во филмот „Згодна жена“ (Pretty woman-во оригинал), а сега целата актерска екипа повторно се најде на истото место. Приказната на Гери Маршал за богатиот бизнисмен и претприемач кој ќе се вљуби во убавата проститутка, денес е сè уште актуелна. Впрочем токму таа е улогата преку која Џулија Робертс се прослави во почетокот на својата кариера.



Актерската екипа се сретна во заедничко интервју за NBC, а споделија и некои непознати детали за снимањето на филмот и за тоа како било да се снима во тоа време.



Кој е тој што не се сеќава на сцената на заедничкото капење, шопингот на Беверли Хилс, одењето на опера или на славниот крај кога Гир со пожарникарна кола доаѓа по жената што ја сака. Не е ни потребно да се додаде дека насловната песна исто така беше голем хит.



„Згодна жена“ беше голем филмски хит во 1990-тата година, иако Гир неодамна изјави дека е само обична романтична комедија. Но без разлика на тоа, токму оваа улога ја одбележа неговата кариера. Веднаш после неа ја доби улогата во филмот „Офицер и џентлмен“.



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О