Била киднапирана од рацете на мајка си, а 17 години подоцна е забележано дека многу личи на некого

Зефани Нурс била киднапирана од болница во Кејптаун кога имала само три дена. После 17 години завршила во исто училиште со девојче кое го променила нејзиниот живот...

Бебето кое пред 17 години било украдено од рацете на својата мајка, која во тие моменти спиела, неодамна е соединета со своите биолошки родители откако завршила во исто училиште со својата биолошка сестра, пренесува Daily Mail.

Зефани Нурс била киднапирана од болница во Кејптаун кога имала само три дена. Три години после киднапирањето се родила нејзината сестра кесиди (14), а откако почнале да одат во исто училиште, другите деца воочиле исклучителна сличност меѓу девојчињата.

И само увидувајќи ја сличноста, Кесиди го викнала девојчето да дојде да ги запознае нејзините родители, а тие во истиот момент кога ја здогледале сфатиле дека пред нив стои нивната одамна изгубена ќерка. Тие ја повикале полицијата.

Селест и Морн Нурс никогаш не се откажале од потрагата по девојчето и секоја година го славеле нејзиниот роденден. Во меѓувреме, добиле уште три деца, но никогаш не ја заборавиле првородената ќерка.



Зефани сепак, пораснала во друго семејство, не знаејќи дека не е нивна вистинска ќерка.

Од полицијата потврдиле дека ја уапсиле жената која се претставувала како нејзина мајка, како и нејзиниот сопруг. Парот нема други деца. Тие се обвинети за киднапирање и измама.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О