Шок за Apple: Им се заканува забрана за продажба на iPhone

Позади Apple е најдобриот квартал во историјата во кој се продадени речиси 75 милиони iPhone и направија рекорден приход и профит, но после тужбата која против нив ја поднесе Ericsson, на оваа компанија сега ѝ се заканува забрана за продажба на iPhone и iPad во САД и не треба ниту да споменуваме како тоа би влијаело врз заработката и вредноста на акциите на Apple.

Во претходните години токму Apple беа тие кои тужеа компании поради кршење на патенти и во повеќе наврати бараа забрана на продажбата на телефоните на Samsung и големи парични казни.

Компанијата на Кук до минатиот месец имаше договор со шведскиот производител на телекомуникациска опрема околу користење на нивните патенти, но откако тој договор истече, тие одбиле да потпишат нов договор под условите кои им ги понудиле од Ericsson.

Поради тоа, Ericsson во САД поднеле тужба против нив за кршење на дури 41 патенти кои се користат во iPhone и iPad, како можностите за поврзување на 2G, 3G и 4G мрежите, правење на повици, споделување на податоци и слично.



Порпаролот на Apple, Кристин Хугет, рекла дека тие секогаш се подготвени да платат фер цена за патентите кои ги користат во своите производи, но дека барањата на Ericsson се преголеми.

Одбивањето на потпишување на вакви договори после нивното истекување не е ништо вообичаено на телекомуникацискиот пазар, затоа што компаниите одбиваат такви договори за преку суд да се изборат за поповолни услови, односно поевтини лиценци, а ниту судовите не се благонаклонети кон сопствениците на важни патенти во телекомуникациската индустрија, затоа што сметаат дека тие не смеат да ја искористуваат својата позиција кон конкурентите, туку би требало да понудат „фер и разумна цена“ за нивното користење.




Токму поради тоа Apple одбиваат да потпишат нов договор и се надеваат дека ќе успеат да се изборат за поповолни услови. Сепак, барањата на Ericsson се сериозни и поради кршењето на нивните патенти, од американската Меѓународна трговинска комисија бараат забрана за продажба на мобилните уреди на Apple, плаќање за користење на тие патенти во иднина, но и оштета поради веќе нанесената штета, при што напоменале дека тек треба да пресметаат колкава финансиска штета досега им има нанесено Apple.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О