Ова оружје е старо повеќе од 2.200 години и е посмртоносно од автоматската пушка!

Самострелот стар 2.200 години, за кој експертите проценуваат дека во своето време бил двојно посмртоносен од денешните автоматски пушки, бил откриен на археолошко наоѓалиште на познатите војници од теракота кои го чуваат гробот на кинескиот цар Чин Ши Хуанг.

Овој самострел минатата недела бил пронајден во совршено зачувана состојба, а според анализите, можел да исфрли стрела на далечина од скоро 800 метри и би можел да ја крие тајната на успехот на првиот цар.

Овој самострел минатата недела бил пронајден во совршено зачувана состојба, а според анализите, можел да исфрли стрела на далечина од скоро 800 метри и би можел да ја крие тајната на успехот на првиот цар.

Самострелот бил закопан до половина покрај една од статуите од теракота, а го пронашле археолозите кои работеле на наоѓалиштето.

Ова е прв пат научниците да ја видат комплетната верзија на ова оружје, откако претходно беа пронајдени уште десет скршени самострели во истата дупка. Самострелот е долг нешто повеќе од 1,5 метри и висок околу 1,3 метри.

Неговата големина укажува на тоа дека тој бил еден од најмоќните оружја во своето време. Според историските текстови кои ги циттира кинескиот весник „Хуашанг“, дометот му бил дупло поголем од дометот на автоматската пушка кој е околу 400 метри.

Историчарите веруваат дека овој самострел бил дел од нaоружувањето со чија помош биле извојувани неколку важни историски битки од тоа време.



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О