Чесите ги дочекуваат со расипани домати: Американските војници не смеат да реагираат!

Чешки активисти најавиле дека ќе го блокираат, и со демонстрации ќе го дочекаат американскиот конвој со војници, кој се враќа по вежбите на НАТО во балтичките земји.

Американските војници во рамките на воените вежби и демонстрациите на сила на НАТО, минуваат со оклопни возила низ пет пост-комунистички членки на Алијансата, а наредено им е по ниедна цена да не реагираат на евентуални провокации и протести кои се очекуваат, пред сè во Чешка.

Враќањето на американските војници од тримесечните воени вежби во Полска и балтичките републики преку Чешка во базата на НАТО во Германија, Пентагон го користи и како сигнал за земјите на источното крило на НАТО, кои стравуваат од Русија. САД сакаат да докажат дека сериозно гледаат на обврската за колективна одбрана. Конвојот на американската оклопна пешадија од вкупно 516 војници и 118 воени возила, се движи во три помали конвои кои ќе се сретнат и ќе продолжат заедно во базата во Вислек во Чешка.

"Добивме наредба во секоја ситуација да останеме мирни. Цивилните акции ги оставаме на цивилните органи. Преку територијата на Чешка, конвојот ќе го следи чешко обезбедување. Со евентуалните протести, доколку ги има, мора тие да излезат на крај", рекол мајор Мартин Крајтон од 4. американска пешадиска дивизија.

Противниците на НАТО и чешките проруски активисти најавиле дека ќе го блокираат конвојот, а на социјалните мрежи повикуваат истиот да биде нападнат со расипани домати. Во Полска и балтичките земји, граѓаните го следеле конвојот за да ја разгледаат воената техника.



"Американскиот воен конвој нема специјален статус, обидите за блокада ќе бидат решени во склад со чешките закони. Имаат статус на обични возачи и доколку некој се обиде да ги блокира, ќе биде исто како да блокира обично возило", рекла портпаролката на чешката полиција Јана Мацаликова.

Конвојот во Чешка ќе го обезбедуваат 100 припадници на воената и редовната полиција, а чешкиот министер за одбрана, Мартин Стропњицки, рекол дека се подготвени да реагираат при евентуална блокада.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О