Најдобар е во историјата на Бундес лигата, а вреди само 4 милиони евра

Германски Волфсбург во својата екипа има ретко видена напаѓачка класа - станува збор за Бас Дост.

Напаѓачот на Волфсбург по 12 одиграни натпревари во Бундес лигата има 13 постигнати гола и две асистенции. Сето тоа успеа да го направи за 819 минути што е доволно за поставување на нов бундеслигашки рекорд.

Имено, Дост моментално е фудбалерот со најдобар голгетерски учинок во историјата на Бундес лигата. Постигнува гол на секои 63 минути што е за пет минути поуспешно од вториот на таа листа - Клаудио Пизаро од Баерн Минхен.

Овој Холанѓанец игра во животна форма и сега со 13 голови е трет на листата со најдобри стрелци во Германија зад Арјен Робен кој има 17 и Александер Мајер кој на своето конто има 16 погодоци.





Сепак, тоа што е неверојатно е податокот кој вели дека неговата цена на познатиот trasfermarkt се проценува на скромни 4 милиони евра, но јасно е дека наскоро овој износ вртоглаво ќе порасне. Има договор со Волфсбург до 2017-та година, а моментално е на мета на бројни европски клубови.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О