Ален Картрајт со своите пријатели мирно возел велосипед, кога ги пресретнала една банда. Детето возело уште малку, па паднало од велосипедот...
Полицијата го објавила шокантното видео од моментот кога 15-годишно дете на сред улица било избодено до смрт додека со своите пријатели возело велосипед.
Ален Картрајт во петокот со своите пријатели се возел со велосипедот низ Ислингтон, кога децата ги пресретнала една група момчиња. На снимката од надзорната камера се гледа како две лица одненадеж се појавуваат на тротоарот на кој децата возат. Третиот минал преку улицата и турнал еден од пријателите на Ален од неговиот велосипед.
Ален продолжил да вози уште малку, а потоа паднал од велосипедот.
Главниот детектив Крис Џонс, кој ја води истрагата, вели дека Ален "немал шанси да се одбрани" од така изненаден напад.
"Неуморно работиме и брзо напредуваме во истрагата", рекол тој.