Спасил 4-годишно момче од сигурна смрт: „Бев на вистинско место во вистинско време”

Надзорна камера снимила добар Самарјанин од САД како спасува едно мало момче кое трчало право кон многу прометна крстосница од речиси сигурна смрт.

Возачот на белиот автомобил го престигнал 4-годишното момче кое панично трчало кон крстосницата не гледајќи дека низ него буквално брзаат други автомобили и излегол од автомобилот и го запрел во последен момент.

Неколку секунди после тоа запрел и полициски автомобил, но бидејќи детето повторно почнало да бега, но овој пат во спротивна насока, полицаецот потрчал кон него и поради тоа не успеал да го дознае името на мажот кој го спасил момчето.

Бидејќи полицијата сакала да му се заблагодари на добриот човек, на својата Фејсбук страница ги замолиле граѓаните да ги известат за кого се работи доколку го препознаат човекот. Тоа и се случило, но мажот го идентификувал фоторепортер од локалната ТВ станица KOMO-TV.

Federal Way Police Department конечно стапиле во контакт со добриот човек и му се заблагодариле. Овој херој, Сем Дидс, и самиот видел дека е „барана“ личност, но не сакал да истапи јавно и да ја контактира полицијата, туку се држел на страна.

„Некако не сакав да се експонирам во јавноста и да добијам заслуги за нешто за што сметам дека не треба да се даваат заслуги“, рекол скромниот Дидс, пренесува News.com.au. „Само бев на вистинско место, во вистинско време“, додал тој.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О