Докторите ѝ рекле дека ќе умре ако не ослабе: Денес има 57 килограми помалку благодарение на Инстаграм

Џесика Семенс од Екстер обожувала чипс и чоколади. Секојдневното конзумирање на омилените грицки, дури и за ручек, довело до тоа оваа девојка да има дури 140 килограми. Најлошо од сè е што Џесика во тој момент имала само 20 години. Тогаш сфатила дека мора да ослабе.

Проблемите со килограмите за оваа млада девојка започнале уште во детството. Кога имала седум години паднала на час по гимнастика и се повредила, а после тоа морала да престане да се занимава со спорт. Утеха пронашла во храната, па нејзината тежина растела секој ден. Тогаш започнале и малтретирањата на училиште.



„Децата ми зборуваа ужасни работи. Одењето на училиште за мене беше вистински пекол. Често се криев во тоалет“, се присетува Џесика, пишува Daily Mail.

Во тие моменти јадела сè што ќе ѝ паднело в раце. Дури криела од мајка ѝ и татко ѝ што јаде. До 15-та година веќе имала 90 килограми. За само две години Џесика се здебелила за 50 килограми. А дека тоа не било само естетски проблем покажувал и фактот што Џесика толку многу се заморувала кога се движела, што имала и потешкотии со дишењето.



Докторите ѝ рекле дека ако продолжи со тоа темпо, ќе умре додека наполни 35 години. Свесна дека здравјето сериозно и` е загрозено, Џесика одлучила да ослабе. Но, овој пат навистина.

И успеала. Од 140 килограми, колку што имала на почетокот, денес има 83 килограми. Мотивот да ослабе и да го промени начинот на исхрана ѝ го дале нејзините следбеници на социјалните мрежи.



Таа на својот профил на Инстаграм секој ден поставувала фотографии од јадењата кои ги подготвувала очекувајќи од своите следбеници да ѝ кажат колку здрав оброк подготвила.



„Како и повеќето жени на светот пробав многу диети и ниедна не функционираше. Мислев дека сум осудена да бидам дебела цел живот. Но, кога почнав да ги бројам калориите преку апликација на телефонот и да поставувам фотографии од моите оброци на Инстаграм, се изненадив колку коментари добив“, рекла Џесика.



Таа почнала да го бележи напредокот со редовно фотографирање на своето тело и тие фотографии ги поставувала на социјалните мрежи. На тој начин можела и сама да ги следи промените на нејзиното тело, а позитивните коментари ѝ биле поттик да продолжи понатаму.



„Кога и да бев во искушение да изедам нешто благо, на пример, чоколадни бисквити, ќе ги погледнев тие коментари и фотографии. Тоа ми даваше мотив да продолжам со диетата. Ако се откажев, не само што ќе се изневерев самата себе, туку и моите следбеници на Инстаграм“, рекла Џесика.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О