Како да е од друга планета: Можете ли да поверувате дека навршила 51 година?

На славната манекенка годините не ѝ можат ништо! Токму спротивното, затоа што и понатаму изгледа сензационално. Среќен роденден!

Кога ќе ја погледнете прв пат, за Ел Мекферсон би рекле дека има околу триесетина години. Но, славната манекенка тукушто го прослави својот 51 роденден – верувале или не!



Нејзиното вистинско име е Елеонор Ненси Гоу и е родена во Австралија, а откако нејзината мајка се развела од татко ѝ и се омажила за Жил Мекферсон, го превзела презимето на очувот.



Нејзината кариера започнала после еден семеен одмор во Колорадо каде што ја открил скаут на модна агенција, на само 21 година се омажила за француски фотограф и креативен менаџер на магазинот „Elle” кој ја прославил.


Славната убавица красела многу насловни страници, а се обидела и како актерка. Се сеќавате ли кога глумеше во серијата „Пријатели“?



Ел во еден период била и поплатена манекенка од супермоделот Синди Крафорд. Интересно е тоа што таа е првата жива личност чие лице е ставено на поштенска марка во родната Австралија, а веќе со години е во успешниот бизнис на познатиот ланец на ресторани 'Fashion cafe'.


Покрај сето тоа, помага во здружението за борба против СИДА и за помош на бездомниците... Но сепак, најпозната е како 'The Body' откако во 80-тите осамнала на насловната страница на престижниот магазин Sports Illustrated Swimsuit.


Ел има две деца, на 17 и 12 годишна возраст. Пред две години се омажила за пет години помладиот милионер Џефри Софер со кој наводно го чекаат и првото дете благодарение на сурогат мајка.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О