ФОТО: Анџелина Џоли со пресреќните ќерки на Kids' Choice Awards

Анџелина Џоли седеше во првиот ред на манифестацијата Kids' Choice Awards заедно со своите ќерки Захара и Шајло.

Популарната актерка, која неодамна сподели дека превентивно си ги отстрани јајниците поради висок ризик од рак, ја освои наградата Омилен негативец за улогата во „Maleficent“. Нејзините ќерки со широки насмевки и силни прегратки ја испратија на сцената, каде таа одржа краток говор.



„Кога бев мала, како Малефисент, ми кажуваа дека сум различна од другите. Се чувствував како да не припаѓам таму, бев премногу гласна, преполна со ентузијазам, никогаш не седев мирна, никогаш не можев да се вклопам. Еден ден сфатив нешто, нешто што се надевам дека сите вие ќе го сфатите. Добро е да си различен. Не трудете се да се вклопите. Не седете мирни. Кога некој ви кажува дека сте поинакви од другите, насмевнете се, држете ја главата исправена високо и бидете горди на себе. А како ваш негативец, би рекла и правете малку беља. Тоа е добро за вас“ – рекла во својот говор 39-годишната актерка.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О