Секс од соништата: 5 тајни на жените кои секогаш доживуваат оргазам

Слатките уживања кои доведуваат до оргазам се сон на многу жени, а тајните на женскиот оргазам сака да ги знае и секој маж. Ви откриваме 5 навики на жената која секогаш доживува оргазам и кои секако можат да се научат.

1. Редовно мастурбираат

Жените кои редовно се самозадоволуваат стануваат вистински експерти кога станува збор за нивните тела, знаат кои точки се предизвикувачи на добро чувство. Тие знаат кој притисок, темпо и поза најдобро им одговараат и дали сакаат директен или индиректен допир на најчувствителниот интимен дел, клиторисот. Кога знаете што ве возбудува, вашиот партнер тоа може дополнително да го засили и да ве доведе до оргазам.



2. Внимаваат на К (клиторис) точката

На многу жени им е потребна стимулација на оваа точка за да доживеат оргазам. Имено, многу малку жени доживуваат оргазам само со стимулација на Г точката и пенетрација. Тие знаат дека на партнерите им даваат јасни упатства на кој начин и со што најмногу сакаат да бидат стимулирани.

3. Не брзаат низ предиграта

Предиграта е добра затоа што го подигнува нивото на возбудување, овозможува целосно опуштање и сексуално искуство кое води до оргазам. И додека нема точни правила – околу 20 минути предигра на некои жени им осигурува секој пат да доживеат оргазам. Постепено зголемување на возбудата, бакнежите, допирите, сето тоа води кон одлично сексуално искуство со крај кој го заокружува големо О.



4. Кажуваат што сакаат

Комуницираат со своите партнери и им откриваат што сакаат, што не им се допаѓа. Ги упатуваат, бараат од нив, им откриваат што најмногу ги возбудува.

5. Не се под притисок

Не се оптоваруваат со голем завршеток и не се под притисок дека мораат да доживеат оргазам. Токму поради таа опуштеност и препуштање на сексуалното задоволство доаѓаат до експлозивен оргазам. Се чини дека во овој случај важи правилото: Колку си поопуштен, толку посигурно е дека ќе доживееш оргазам.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О