Ова се најглупавите работи кои Каније Вест ги изјавил за Ким Кардашијан

Каније Вест е познат по тоа што за себе често зборува во суперлатив, што понекогаш звучи навистина глупаво, а од таа навика не може да се ослободи ниту кога зборува за својата сопруга Ким Кардашијан.

1. Чувствувам дека нашата љубовна приказна е вечна. Кога прв пат бевме заедно почувствував како да сме Ромео и Јулија, само што таа беше ријалити ѕвезда, а јас рапер.

2. Таа моментално е најинтригантната жена. Барбара Волтерс ја бара секој ден. Мишел Обама не може да постави слика на Инстаграм како што постави мојата малечка пред некој ден.


3. Сите бербери, модни дизајнери, архитекти, трафики, Волстрит, целиот свет се однесува како таа да не е најубавата жена на сите времиња. Јас мислам дека е во топ 10 во човечката егзистенција.

4. Јас сум како Хауард Хјуз! Јас сум Дејвид Штерн! Јас сум исто што и Стив Џобс! И нив треба да им е мило и да им ласка што јас воопшто се споредувам со нив, затоа што јас сум Микеланџело и тоа подобрена верзија. Мојата Ким е иста Мерлин! Мерлин била контроверзна и мојата Ким е контроверзна.

5. Ја засакав од првиот ден кога ја видов. Се сеќавам дека ги видов нејзините слики со Парис Хилтон во Австралија, дојдов кај Дон Ц. И му реков: “Човече, дали некогаш си ја видел Ким Кардишон? Што е со таа Ким Кардишон?“



6. Во време кога не бев со Ким, толку сакав да бидам со неа, што размислував да почнам да вежбам некој спорт.

7. Нема шанси Ким да не треба да добие ѕвезда на холивудскиот Булевар на славните. Сите се толку старомодни.

8. Ким е како фантазија, точка. Таа е девојка од соништата. Јас мислам дека девојката од фантазија би требало да живее во свет од фантазија.



9. Навистина е интересно што јас и таа истовремено сме на првата линија на различни концепти. Тука е меѓурасната работа, имаме судар на мега медиуми и мега уметност, знаете, тука имате комбинација на „Vogue” и ријалити.

10. За нејзиниот стил: Никој не може да и` каже на мојата девојка што да прави. Неа само треба да и` се дадат некои информации со кои може да работи. Убавата работа во тоа е дека кога таа ќе открие нешто, целиот свет го открива истото тоа. Превземањето на тој ризик пред целиот свет најдобро ви покажува колку ме сака. Колку всушност ја сака шансата да учи. Имате милион компании кои велат: „Тоа влијае на твојот бренд. Влијае на твоите фанови! И бла, бла“, но таа и понатаму ја гледа светлината на убавината.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О