Без ниеден употребен куршум: Уапсен најбараниот наркобос!

Тој бил уапсен една година по апсењето на озлогласениот мексикански наркобос Хоакин Гузман, наречен "Мали".
Мексико го уапсил најбараниот наркобос кој сè уште бил на слобода, Серванд Гомез, со прекар "La Tuta", објавила полицијата вчера, а Reuters пишува дека тоа апсење е показател колку претседателот на државата Енрике Пена Нието се труди во борбата против насилството.


49-годишниот Гомез бил главна мета на Пена Нието, во обид да се врати надзорот на Мичоачан, западна сојузна држава, во која владее улична војна помеѓу картелот на Гомез - "Витезови темплари" со добро вооружените противници кои сакаат да го сменат.


Уапсен бил една година по апсењето на озлогласениот мексикански наркобос Хоакин Гузман, наречен "Мали", лидер на картелот Синалоа, еден од најмоќните светски картели кои се занимаваат со трговија на дрога.


Претседателот Пена Нието сака да ја смири јавноста која е бесна поради корупцијата и неказнетото насилство - пред неколку месеци, корумпираните полицајци кои работат за бандите, киднапирале и масакрирале 43 студенти.


Полицискиот портпарол рекол дека по повеќемесечна разузнавачка операција, сојузната полиција успеала да го уапси Гомез во Морелија, главниот град на Мичоачан. "Во наредните неколку часа ќе биде донесен во Мексико Сити", најавил тој.


Без ниеден истрелан куршум, Гомез бил уапсен во неговиот дом, јавуваат локалните медиуми.


Минатата седмица полицијата уапсила неколку луѓе поврзани со Гомез. Локалните медиуми и тогаш јавиле дека тие акции биле вовед во апсењето на наркобосот.


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О