Кој си прави најубаво СЕЛФИ: Македонската естрада ја тресе ‘СЕЛФИ’ треска

Светскиот тренд на правење самослик фотографии или популарно наречени СЕЛФИ, не ја изостави ни македонската естрада.

Секој на свој начин си го одбележува овој тренд, секојдневно полнејќи го својот фото албум со свои селфи фотографии. Додека снимаат спот, додека се во автомобил, вежбаат или се подготвуваат за излегување, нашите јавни фаци го користат секој слободен момент да го овековечат тој момент со по еден самослик. Кој е најуспешен во сето тоа ќе заклучите сами од фотографиите кои ги најдовме на Фејсбук.

Додека неделава Панчо и Андреј го снимаа новиот спот за песната “Најмила”, Панчо украде момент да си направи селфи со Катарина Ивановска која ја има главната улога во спотот кој треба да доживее своја премиера наскоро.



Манекенкава ми досаѓа дур се шминкам и правам фризура - напиша Панчо за сликата.



На листата за правење селфи се најде и водителката Милена Антовска, која за сликата напиша: Good friends, good books and a sleepy conscience: this is the ideal life.- Mark Twain.

Следното селфи е направено во теретана, додека си вежбаат и ги обликуваат своите тела, си прават и по некоја сликичка. Мелита Ракичевиќ и Марија Нацева на најдобар можен начин го спојуваат убавото и креативното.



Некој прави стомачни, некој селфи. Хехехе. Битно расположени - напиша Мелита за ова селфи.

Фотографијата која ќе Ве насмее е сликана од ракометарот Столе Стоилов, кој патувајќи во автобус, ги слика своите соиграчи од РК Вардар додека се одмараат.



Пантомима - напишал Столе.



Своја селфи фотографија направи и Миа Костова, водителката на Бекстејџ, која напиша:Си спремаат емисија, водителката се слика, Бекстејџ е веднаш по вториот дневник на МТВ!

На листата за правење на најдобри селфи фотографии се вбројува и водителката Лила Филиповска, чии фотографии добиваат повеќе од 1000 лајкови на Фејсбук.



Women who wear black, lead colorful lives..! – напиша Лила за фотката.



На следната фотографија се Бени и дел од членовите на бендот, за која слика пишува само – Студио. Дали станува збор за нова песна или албум, ќе дознаеме наскоро од Бени.



На создавачи на селфи фотографии се вбројува и водителот на емисијата Еден на Еден, Жарко Димитриески, кој за оваа слика напиша: Кој си чека, тој си слика.



Селфи фотограф е и водителот Ване Маркоски, чија професионална деформација е да биде опкружен со камери и апарати. Така тој секој момент го користи за самослик.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О