Таа ја промени бојата на косата, но не и стилот

Модната ревија на "Lanvin" на Модната недела во Париз изминатата вечер требаше да биде токму главна атракција, но Ким Кардашија успеа да го зграби буквално целото внимание само за себе.

Освен што направи драстична промена на нејзината фризура и сега веќе има светло руса коса, оваа ријалити ѕвезда одлучи под мрежестиот фустан уште еднаш да не облече градник.

Ким Кардашијан на Модната недела во Париз дојде со својот сопруг Канје Вест и токму тој ѝ правеше друштво на оваа модна ревија на "Lanvin".





За таа прилика Ким се појави во поѕирен мрежест фустан, а под него не носеше ништо, што во нејзин случај и не нè изненадува нешто особено многу.

Овој фустан со должина до колената убаво ги потенцираше нејзините облини за кои сите знаеме дека Ким е особено горда.

Изгледот таа го надополни и со елегантен црн капут со отвори на ракавите.


Ким вчера направи најголемо изненадување кога се појави на улиците во Париз со руса боја на коса. Ова е дефинитивно нејзината најголема трансформација до сега.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О