Бизарна незгода: Погледнете како овој авион буквално ја промашил пистата и слетал на носот!

Авионот на компанијата Turkish Airlines заедно со 238 патника вчера ја промашил пистата при слетувањето на пистата на аеродромот во Катманду и се приземјил во блиското поле.

Некои од патниците се здобиле со модринки, но генерално ниту еден не е сериозно повреден. Очигледно проблемот при слетувањето настанал бидејќи над пистата имало густа магла, а пистата била лизгава после дводневниот дожд.

Авионот полетал од Истанбул и после седумчасовен лет половина час кружел над Непал пред да се приземји при вториот обид.


Меѓународниот аеродром во Катманду е затворен после овој инцидент. На социјалните мрежи се објавени и бројни фотографии од турскиот авион на кои се гледа дека предниот дел од леталото е оштетен, а локалните медиуми наведуваат пак дека при слетувањето му откажале кочниците.

Патниците изјавиле дека после слетувањето во авионот се појавил чад, поради што дишењето бил отежнато. Претставниците на аеродромот наведуваат дека поради овој случај ќе се спроведе соодветна истрага и ќе се испита и пилотот.



Инаку, аеродромот Катманду во Непал важи за еден од најлошите аеродроми на светот за 2014-тата година, заземајќи го третото место на оваа листа која пред извесно време ја сподели Independent.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О