Тие се доказ дека може да се стане ѕвезда и без соблекување

Филмовите се полни со сцени во кои актерите се појавуваат голи, а повеќето од нив немаат проблем да се соблечат пред камерите. Сепак, постојат и такви кои популарноста не ја стекнале со разголени сцени.



Ви ги претставуваме актерките кои докажале дека во Холивуд може да бидеш успешен и доколку одбиеш да се разголиш пред камерите.

Сара Џесика Паркер


Сите оние кои без здив ја следеле серијата "Сексот и градот", имале шанса да ги видат Миранда, Шарлот и Саманта голи во многу сцени. Сепак, тоа не било случај и со Кери Бредшо - никогаш. Иако се појавувала неколку пати во долна облека, никогаш не дозволила камерата да биде околу неа кога нема облека на себе. На ваков чекор се одлучила поради малата самодоверба, бидејќи како што вели, не ѝ се допаѓа како изгледа кога е гола.

Џесика Алба


Имајќи во предвид дека Џесика Алба глумела стриптизета во двата дела од филмот "Sin City", веројатно е чудно кога ќе се прочита дека таа одбива да биде гола пред камерите. Неколку пати го покажала своето прекрасно тело носејќи тесна облека, но останала доследна на одлуката. Таа вели дека нема да може да го погледне своето семејство во очи доколку ја видат гола.

Рејчел Билсон


Билсон се појавила во јавноста со улогата на симпатичната Самер Робертс во тинејџерската драма "The O.C" и од тогаш "реди" големи улоги во филмовите. Кога станува збор за голотијата, Рејчел цврсто го држи ставот дека истата не е неопходна за да се покажат страсти во филм.

Ема Вотсон


Главната причина поради која Ема никогаш нема да прифати да се соблече пред камерите, е нејзината улога како Хермиона во филмот "Harry Potter". Актерката е свесна дека таа улога ѝ ја отворила вратата кон иднината, па не би сакала луѓето да ја заборават.

Џулија Робертс


Џулија Робертс уште на почетокот од кариерата изјавила дека не планира да направи ниедна разголена сцена во својата кариера. Иако глумела проститутка во "Pretty woman", сите разголени сцени ги снимила нејзината филмска двојничка.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О