Огромна змија, тешка 150 килограми и долга седум метри, на жителите на селото Каку на југозападот од Бразил им правела огромни проблеми затоа што ги напаѓала и јадела свињите и кокошките.
Кој се плаши од змии, подобро да не го гледа ова видео. Бразилската војска одвај успеала да ја фати анакондата долга повеќе од седум метри која ги тероризирала жителите на едно село.
Огромната змија на жителите на на селото Каку на југозападот од Бразил им правела огромни проблеми затоа што ги напаѓала и секако, јадела свињите и кокошките, пренесува британски Mirror.
Селаните најпрво мислеле дека крадци им ги крадат животните. Меѓутоа, кога се организирале и патролирале во селото, сфатиле дека не се луѓе одговорни за исчезнувањето на свињите и кокошките.
„Останавме во шок кога ја видовме огромната змија. Таа беше толкава, што без проблем можеше да проголта свиња, па дури и дете. За среќа, такво нешто не се случи“, рекле жителите.
Тие на помош ја повикале војската која на крајот успеала да ја фати анакондата тешка 150 килограми.