Индија: Уапсени илјада лица поради мамење на испити

Индиската полиција во неделата соопшти дека уапсила речиси илјада лица откако националната телевизија објави снимки од пријатели и родители кои се прекачуваат преку згради на училишта за да им помогнат на кандидатите во текот на испитите.

На снимките и фотограриите кои брзо се проширија преку социјалните мрежи, се прикажани повеќе десетици луѓе со мобилни телефони и листови за препишување на прозорците од четирикатница во сојузната држава Бихар.

Други снимки, пак, покажуваат како училишниот персонал и полицајците мирно го следата сето тоа и не реагираат на слични сцени во други испитни центри каде што ширум Индија во моментов се спроведуваат завршните средношколски испити, слично на матурските.



Измамниците и нивните помагачи можат да платат казна од околу 2000 рупи, или 30 евра, за да бидат пуштени од притвор, изјавил за AFP неименуван висок полициски функционер од државата Бихар. „Половината од приведените се родители и наставници, а другите се пријатели и членови на семејства“, додал.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О