Шварценегер и кај нас: Ова е најразвиениот Македонец

Она што е Шварценегер за Америка и Австрија тоа е Тоше Зафиров за Македонија. Спаѓа во групата на најразвиени Македонци, кој се натпреварува насекаде низ светот.

Вљубеник во боди билдингот, овој човек има големо животно искуство, но и тело каде што нема простор за масти и вишок килограми. Развиен, со големи мускули и уште поголемо срце, одблиску Ви го претставуваме Тоше, боди билдинг лидер кај нас, но и пошироко. За овој едиторијал на Точка, го гледате во уникатни изданија, само пред фото-објективот на Владимир Георгиев.


“Уште како мал имав афинитети кон спортот. Прво почнав тренирајќи фудбал. На 16 години добив поклон книга од мојот кумашин. Книгата беше од областа на боди билдингот, напишана од легендата Петар Челик. Бев фасциниран од тоа како изгледа и сакав на некој начин и јас да тргнам по тие стапки. Веднаш се зачленив во теретаната Пако од Неготино која што ми беше втор дом се до моето заминување во Скопје. Толку го сакав боди билдингот што едај чекав да завршам со школо и да одам во теретана и да вежбам.“


“Мојот начин на живот е уникатен. Прво сум максимално посветен кон семејството, мајка ми, сестра ми. Несебично се давам себе си на тоа што го работам, а го правам со многу љубов. Мојата животна филозофија е дека секој треба да го прави она што го сака. Немаме право на втор живот, затоа јас го живеам со полн капацитет, го користам секој миг да направам нешто што ме прави среќен. Тоа е мојот начин на живот. Посветеност и љубов кон сè што правам.”



“Исхраната е веќе нешто друго. Може да вежбате колку што сакате, но ако не се храните онака како што треба, резултатите ќе бидат минимални од Вашиот труд за да имате тело какво што посакувате. Моите оброци се состојат од белки, овес, бадеми, витални минерали, пилешко, зелена салата, чај, риба, протеини...Кога се има желба возможно е сè. Мојот начин на живот е тоа што јас сум, така што тука нема простор за исклучоци.”


“Роден сум во Неготино и израснат во просечно македонско семејство, воспитан и растен со родителска љубов. Уште како мал знаев што сакам од животот и чекор по чекор, полека но сигурно се дижев кон мојата цел. Мојот пат беше многу макотрпен за да стигнам до она што сум денес. Затоа секогаш ги подучувам сите дека без разлика што сакаат да постигнат во животот никогаш да не се откажуваат. Нема лесен пат. Има пат кој мора да се изоди за да се стигне до посакуваната цел. Најважно од сè е секогаш да се остане човек без разлика каде се наоѓаш. Јас цврсто стојам на земја и се надевам дека тука и ќе останам.”


“Следна цел ми е Мр. Олимпија аматер, едно од најпрестижните натпреварувања кое се одржува во Малага, Шпанија. Исто натпревар кој ми е на листата е Арнолд Класик кој се одржува во Мадрид, Шпанија и на кој морам да учествувам. Овие два настани ми се приоритет, но постои можност и за уште некое натпреварување, за кое ќе бидете навремено известени.”



“Медалите кои ги имам освоено и на кои сум посебно горд се навистина многу. Во 1997-та година освоив Јуниорски Шампион, во 2003-тата год. освоив повеќе награди, 1-во место во тешка категорија, 3-то место на Гран при Балканско. Истата година бев апсолутен шампион на Македонија. Во 2009-тата год. бев 3-то место на Светско во Рим, 1-во место во тешка и апсолутен шампион на Македонија. Во 2010-тата ми припадна 3-то место на Мр. Универзум кој се одржуваше во Капри, Италија и 2 место на Мр. Европа. Во 2011-тата, освоив 2-ро место на Светско во Словенија, 2013-тата бев 4-то место на Maxximum Оpen. Во 2014-тата бев 1-во место во тешка, апсолутен шампион на Македонија и за прв пат учествував на престижниот Арнолд Класик.“



“Имам теретана, која се наоѓа во студентскиот дом Пелагонија. Ги имаме едни од најдобрите услови за тренинг кај нас. Ги советувам сите на дисциплина, на строго зацртана цел до успехот. Макотрпна работа и најважно од сè е стрпливо и паметно да го чуваат своето здравје. Овој спорт е за здраво тело и здрав дух, па така подразбира секогаш да бидеме здрави и витални.“



“Мојата сопруга е со мене од самиот почеток. Исхраната, нејзино приготвување, готвење, таа најдобро знае тоа да го прави. Често патувавме по најразлични натпревари, гледав потенцијал во нејзе дека може да биде дел од женскиот свет на боди билдингот иако е мајка на две деца, 12 и 8 години. Пред две години одлучивме да почне сериозно да се занимава со фитнесот и во 2014-тата година за прв пат излезе на нашето државно натпреварување каде што го освои второто место и извади една завидна форма на тело со која учествуваше истата година на Арнолд Класик, каде што во нејзина категорија имаше повеќе од 65 девојки. Сега не се откажуваме, одиме кон нови успеси и усвојување на нови врвови и титули.“


“Ова е мој начин на живот. Станувам во 6 часот и 30 минути, а веќе во 7 ч. почнува првиот тренинг. Тековни обврски, лични тренинзи, за во 19 часот да го имам мојот втор тежински тренинг. Мислам дека се додека можам да го живеам овој начин на живот така и ќе биде. Ова е тоа што мене ме исполнува и прави среќен и за ништо на светот тоа не би го променил. Мене не ми е текшко од сите тие диети и напорни тренинзи. Напротив, убаво ми е и уживам на секој можен начин. Петар Челик има 65 години и сè уште активно се натпреварува, а јас може да го следам и неговиот пример. Теретаната е мојот втор дом. Поголемото време од мојот ден го поминувам таму. Тоа е мојот храм каде што го наоѓам душевниот мир.“


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О