На поранешната Мис на Турција ѝ се заканува затворска казна поради објава на Инстаграм!

Тоа требало да биде само уште еден обичен статус на Инстаграм, но поранешната турска мисица се нашла во големи проблеми, откако илјадници нејзини фанови го споделиле истиот статус, за кој се воспоставило дека го навредил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На поранешната Мис на Турција од 2006-тата година, 26-годишната Мерве Бујуксарак, ѝ се заканува затворска казна поради објава на Инстаграм, која како лична навреда ја сфатил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Имено, таа на Инстаграм објавила сатирична песна од едно списание, со наслов "Господарска песна".



Во таа песна се критикувал Ердоган додека бил на функцијата премиер на Турција, а има стихови од турската национална химна.



Турскиот претседател поднел тужба за објавата на таа песна против Бујаксарак во ноември 2014-тата година. Турските државни обвинители потврдиле дека Бујаксарак се наоѓа под истрага, и доколку се прогласи за виновна за навреда на претседателот на државата, ѝ се заканува казна затвор од 4,5 години, пренесува news.com.au.


Властите дури и накратко ја притвориле убавицата, но таа при сослушувањето кај истражниот судија рекла дека немала намера да го навреди претседателот Ердоган.

Таа ја избришала својата објава, откако еден нејзин фан и порачал да внимава што прави, бидејќи таквите статуси можат да бидат грешно разбрани во Турција, па дури и да предизвикаат тужби.



Исто така, Бујаксарак се обидела да се одбрани и да праша зошто се кренала толкава прашина. "Доколку на "Google" ја побарате песната што ја објавив на Инстаграм, ќе видите дека истото го направиле уште 960.000 луѓе...Интересно, зарем не?", заклучила таа.



Поддршка и даваат луѓето по пат на социјалните мрежи, кои и самите се прашуваат што направила мисицата за да и се заканува затворска казна.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О