Најубавата прва дама во светот: Сопругата на мексиканскиот претседател ќе ве остави без здив

45-годишната Анхелика Ривас, сопруга на претседателот на Мексико, Енрике Пена Нието, ја освоила светската јавност со својата убавина, но и со интересната животна приказна.

На приемот во Бакингемската палата, ги засенила сите присутни, па ни кралицата Елизабета Втора не го криела своето воодушевување од првата дама на Мексико.

Анхелика Ривера својот животен пат во големиот Мексико Сити го започнала на 17 години, кога се пријавила на изборот за убавица во еден локален весник - и победила.

Оваа титула локална убавица ѝ отворила многу врати, па од модел за костими за капење, дошла до славната "Televisa" и голем број на улоги во теленовелите.



Доколку по некоја случајност сте ги гледале сериите "Dulce Desafio", "Alcanzar una estrella" или "Destilando amor", на дело сте ги виделе актерските способности на идната прва дама на Мексико.



Сепак, најголемата "сапуница" дошла во 2008-та година, кога Енрике Пена Нието ја вработил во својот изборен штаб, за да му помогне со маркетингот, со оглед на тоа дека тогаш бил државен гувернер.


Животот на Анхелика Ривера, која тогаш сè уште била во брак со телевизискиот продуцент Хозе Алберто Кастро, со кого има и три ќерки, полека почнал да личи на една од теленовелите во кои глумела.


Набрзо се заљубила во харизматичниот Нието, се развела од Кастро и повторно се омажила. На венчавката присуствувале трите ќерки на Анхелика, како и трите деца на идниот претседател, чија сопруга починала во 2007-та година.



Златниот пар на Мексико набрзо се соочил со многу критики. Прво скандалот околу купувањето на луксузниот имот од 377 милиони долари предизвикал бес кај мексиканската јавност, со оглед на тоа дека голем број од населението живее во сиромаштија.



Претседателот Нието, кој дошол на власт со предизборните ветувања дека ќе застане на патот на трговците со дрога, повторно се нашол на удар по исчезнувањето на 43-те студенти, кои наводно биле жртви на еден од картелите.

Сепак, иако во Мексико мислењата се поделени, светската јавност, а најмногу британските медиуми, не останале рамнодушни на харизмата на некогашната актерка и нејзиниот сопруг.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О