"Македонците" му пишаа на Ципрас: Конечното решение да не содржи Македонија

"Волјата на мнозинството Грци, а пред се на Македонците, е дефинитивното име за ПЈРМ да не го содржи терминот Македонија или негови деривати", е пораката од писмото на грчката "Панмакедонска светска организација" адресирано до грчкиот премиер Алексис Ципрас и министрите.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, во писмото тие бараат решението да се однесувало на сложено име со географска одредница за вкупна употреба, но кое што нема да го содржи името Македонија.

„На пример, Централна Балканска Република одговара со географските податоци и со етничкиот состав на ПЈРМ“, пишува во писмото на грчката дијаспора од САД, Австралија, Канада и Европа.

И солунскиот митрополит Антимос неодамна ги сподели своите желби за нашето уставно име. Во интервју за весникот „Катимерини“, тој порача дека Република Скопје и Република Пелагонија би биле прекрасни имиња, а го предупреди премиерот Ципрас да не зборува за сложено име што ќе го содржи терминот Македонија.

Нетпрес и претходно информираше дека официјалната грчка црвена линија за сложено име со географска одредница за вкупна употреба не ужива целосна поддршка во грчкото општество. Напротив, се чини дека многу поголем е консензусот за позицијата, според која, решението не треба да го содржи зборот Македонија или негов дериват.

Зад оваа позиција, освен грчката црква и дијаспора, застанува и партијата „Независни Грци“, која е коалициски партнер во владата, но и голем дел од останатите политички партии. Иако владејачката СИРИЗА декларативно ја реафирмираше официјалната црвена линија, грчките медиуми информираа дека еден од условите за владината коалиција е почитување на позицијата на „Независни Грци“ во однос на разговорите за разликите околу името.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О