Ријалити ѕвездата наведува дека со својот сопруг Канје Вест спие и до 15 пати дневно, за повторно да остане бремена. Сепак, бидејќи популарната старлета не забременила, решила да го посети чуениот холивудски гинеколог.
„Докторот вели дека премногу често имам секс и дека би требало да водиме љубов само еднаш дневно доколку сакаме уште едно дете“, признала Ким.
Старлетата станала очајна бидејќи како што вели, ги пробала сите совети, но ниту еден не вродил со плод.
„Направив список на работи кои не би требало да ги правам доколку сакам да забременам и се придржував до се осум до девет месеци. Повеќе не знам што да правам“, вели загрижаната Ким.
Откако таа и Кание ги пробале сите „испробани совети кои гарантираат зачеток“, ким одлучила потполно да се опушти и да прави што сака. Без било каков притисок.
Како што вели, отсекогаш се чудела како жените кои не сакаат дете, толку лесно остануваат бремени.