Бејл им ја донесе вчера на „Кралевите“ победата број 21 во сезоната со двата погодоци против Леванте на „Сантијаго Бернабеу“, но при прославувањето, не можеше да одолее да не им одговори на критичарите.
Бејл ги покри со рацете своите уши јасно алудирајќи дека не сака да ги слушне критиките и исвиркувањата на навивачите.
Интересно е што при постигнувањето на неговиот прв гол, во текот на акцијата Роналдо упати удар, но топката од гол линијата ја исфрли еден од стоперите на Леванте. Топката стигна до нозете на Бејл кој ја смести во голот на гостите, но Роналдо и покрај тоа што неговата екипа поведе, сепак не можеше да ја скрие фрустрацијата што тој не го постигна голот.