Како шпанскиот новинар ја издржал тортурата на Џихади Џон

Шпанскиот новинар Хавиер Еспиноза минал неколку месеци во заробеништво на Исламската држава во Сирија, но во меѓувреме бил ослободен. Тој денес се сеќава на тортурата која ја преживеал таму.

Хавиер Еспиноза се сеќава на тортурата која ја преживеал таму - посебно заканите од озлогласениот британски терорист Џихади Џон, кого го опишува како психопат.

Еспиноза, кој бил заробен од екстремистите во 2013-тата година заедно со неговиот колега додека известувале за судирите во Сирија во близина на турската граница, не може да го заборави моментот кога најозлогласениот терорист во светот му ставил нож на врат, симулирајќи обезглавување, пренесува британски Daily mail.



Овој долгогодишен новинар на "El Mundo", вели дека низ страшните епизоди на физичко и психолошко мачење, минувал секојдневно.

Британецот со кувајтско потекло, Џихади Џон, чие вистинско име е Мухамед Емвази, сакал, според Еспиноза, да постигне "максимално драматична атмосфера" и бил меѓу психотичните екстремисти кои му одземале сè што има, за да ја дополнат просторијата полна со милиони долари.


Меѓу најстрашните случки кои ги раскажал Еспиноза, е заканата на џихадистот дека ќе го ексхумира телото на убиениот руски инженер Сергеј Горбунов, и дека останатите заложници ќе ги натера да спијат во гроб покрај неговата глава изрешетана со куршуми.

"Уживаа да ги плашат заробениците, не принудуваа да гледаме фотографии од Сергеј Горбунов и ни велеа дека ќе завршиме покрај него", се потсетува Еспиноза.


Тој вели дека често го буделе крици од другите заложници кои биле мачени во своите ќелии, како што тоа било случај со момче кое било претепано откако било фатено со цигара, што е строго забрането.

За европските и американските заложници кои исчезнувале, џихадистите велеле дека биле ослободени, но, според Еспиноза, тие биле убивани еден по еден, а нивните убиства биле прикажувани на варварски видео снимки.

Еспиноза, заедно со своите колеги, бил заробен во затворите на ИСИС, кои ги опишува како "елегантни палати", односно поранешни седишта на владата во Рака.


Иако сите нивни сопатници биле погубени, двајцата Шпанци биле ослободени минатата година, откако шпанската влада постигнала договор со екстремистите.

Шпанската влада за нив платила откуп, како што направиле и Франција, Италија, Германија и други земји. Единствено САД и Британија не преговараат со терористи, пренесува Daily mail.

Поради тоа, како што тврдат џихадистите, биле погубени некои новинари и хуманитарци од тие две земји.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О