Најдобрата фотографија од затемнувањето: Никој не беше вака блиску до Сонцето како патниците во овој авион

Дефинитивно најексклузивно место за надгледување и фотографирање на првото затемнување во овој век го имаа патниците во авионот кој летал од Манчестер за Рејкјавик.

Среќните патници кои беа на летот кон Исланд, имаа можеби и најдобар поглед на затемнувањето на Сонцето. Пилотите одеа по заобиколен пат така што на патниците им овозможија да го надгледуваат и да го фотографираат ова неверојатно случување.

Тие не се грижеа за тоа дали облаците ќе им ја попречат глетката бидејќи авионот во кој патуваа се задржа долго над архипелагот помеѓу Норвешкото море и Атлантскиот океан. Па така, овие луѓе имаа и ексклузивно место за надгледување и фотографирање на првото затемнување во овој век. Авионот леташе од Манчестер за Рејкјавик, па среќниците имаа можност да присуствуваат токму на целосното затемнување.



Инаку, милиони луѓе останаа разочарани бидејќи не можеа да го гледаат овој спектакл на небото поради сивите облаци и недостатокот од специјални очила.

Ако сепак сакате да направите уште една подобра фотографија од затемнувањето на Сонцето, тогаш за жал ќе треба да почекате до 2026-тата година.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О