Не, не е монтажа: Ова е една од најмонструозните птици во историјата!

Експертите веруваат дека оваа птица имала распон на крилата од околу 7 метри и била висока 1,5 метри, додека масата на ова животно изнесувала 72 килограми.

"Argentavis magnificens" или "фантастична аргентинска птица" и "фантастична сребрена птица" е една од најголемите птици кои некогаш постоеле. Овој гигант со неверојатен распон на крила, е изумрен вид кој бил пронајден на три локалитети.

Фосилите од ова џиновско суштество биле пронајдени во централна и северо-западна Аргентина. Хумерусот на птицата е оштетен, но сепак овозможува прилично прецизна проценка на должината на неговиот живот. Овој вид имал премногу силни и големи нозе, кои му овозможувале да чекори со леснотија.

Експертите веруваат дека оваа птица имала распон на крилата од околу 7 метри и била висока 1,5 метри, додека масата на ова животно изнесувала 72 килограми. Просечната старост на оваа птица изнесувала помеѓу 50 до 100 години.



Истражувањата покажуваат дека овие птици снесувале едно или две јајца, со тежина од околу 1 килограм секоја година. Умирале во главно поради длабока старост, незгода или болест, бидејќи е јасно дека немале предатори кои би им претставувале закана.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О