Центарци не сакаат катна гаража кај Автомакедонија, ги канат Груевски и Јанакиески на средба

Центарци кои живеат на улица “Мите Хаџивасилев-Јасмин“ бр. 20, 22 и 24 ја продолжуваат битката за да не се гради катна гаража кај Автомакедонија.

За таа цел, ги канат во понеделник премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како одговорни и надлежни лица кои можат да ја спречат изградбата на барокна катна гаража, која граѓаните не ја сакаат.

“Иницијативниот одбор за одбрана на паркингот кај Автомакедонија, во понеделник, 30.3.2015, во 18:00 часот организира граѓански собир на кој ќе се разговара за состојбата со изградбата на барокна катна гаража, каде инвеститор е Никофон. На средбата се поканети премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски“, стои во поканата до граѓаните.

Граѓаните остануваат на своите ставови дека тука не сакаат катна гаража бидејќи таа ќе им го загрози и затвори просторот за живеење. Посочуваат дека на неколку метри веќе има катна гаража.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О