Фетел ја прекина доминацијата на Мерцедес: Прва победа на Ферари!

Себастијан Фетел е сензационален победник на трката за Големата награда на Малезија во Сепанг. “Коњчето“ ја стави на тест “сребрената стрела“ и таа пукна.

По пауза од 8 трки, Мерцедес не е на највисокото место на подиумот, а Себастијан Фетел си ја врати победата од 2013 година. Комбинација од “Deutschland über alles“ и “Fratelli d'Italia“ повторно потсетија на Михаел Шумахер и неговата доминација со Скудерија. Јубилејна 40-та победа на Себ, со што доаѓа на само една до изедначување на постигнувањето на Аиртон Сена.

Трката започна со „пократок грид“. Берни никако да ги собере сите 20 возачи за старт. Иако стјуардите им дозволија да се тркаат и покрај тоа што не беа во 107% од времето на пол-позицијата, Манор Марусија повторно потклекна. Поради технички проблеми, на стартот не се појави Стивенс, додека Роберто Мерхи ја заврши трката со не така лоши 3 круга заостаток.

Стартот беше возбудлив, Луис тргна моќно и ја задржа својата позиција. Нико исто така имаше добар старт и стигна блиску до Фетел. На првиот свиок дури имаа и еден ситен допир, но Себ остана втор, Нико трети. Кон средината на првиот круг, инцидент, повторно Кими го извлече подебелиот крај од трката со неговиот тим кој го мачи цел викенд, Заубер, но овојпат „поздрав од Наср“. Предниот спојлер на плавиот болид ја допре гумата на Ферари и тоа значеше бокс за Кими.




Ериксон повторно „ѕвезда“. По едно „бесмислено“ претекнување, заврши крај патеката, заглaвен во песокот и стјуардите крај патеката мораа да донесат механизацијa за да го отстранат болидот. Ова значеше безбедносно возило кое остана 3 круга на патеката, период во кој доста од возачите, меѓу кои и двоецот на Мерцедес влегоа во боксовите. И другиот Заубер, оној на Наср, имаше слаба трка и 12-то место по фуријата која ја прикажа тимот во Австралија.

Дупната гума имаше и Малдонадо, но во 10-от круг, а трката ја заврши само 4 круга пред останатите, во 50-от круг, поради технички проблем. По монтирањето на тврдите пневматици, Хамилтон излезе на патеката на 6-то место, Нико 3 позиции поназад. Само неколку кругови беа доволни Луис да ги помине 4-цата пред себе и да дојде директно зад Фетел, но со заостаток од 10-тина секунди, додека Розберг се мачеше со заостанатите болиди.



Круг број 18 беше првото влегување на Фетел во боксот, а веќе 4 кругови подоцна, во 22-от круг, го помина Розберг во борбата за 2-то место. Во тие моменти Луис и Нико имаа проблеми со тврдите гуми на нивните Мерцедеси. 26-от круг Себ го достигна и престигна Луис, но британецот се упати накај гаражите по нов гуми.

Следуваше возбудлив 27-ми круг. Двата Ред Була го нападнаа Нико Хулкенберг во борба за позиција. Следуваше свикот број 2 каде Квјат влезе пред Форс Индија, но Хулкенберг не избега од контакт и русинот се изврте на патеката, по што веднаш ја продолжи трката. И покрај тоа, Квјат заврши пред Рикардо, но трагичното е тоа што иако настојуваат дека нивна цел е борба со Ферари и Вилијамс за 2-то место кај конструкторите, во 53-от круг беа поминати за цел круг од Ветел. Хулкенберг извозе како за 14-ти, едно место зад својот тимски колега.



Три кругови подоцна, борба на другиот Форс Индија, но со Лотусот на Себастијан Гросжан. Французинот при голема брзина се изврте, но остана на асфалтот. По ов, Серхио Перез заработи 10-секунди во боксот. Овој инцидент придонесе Гросжан да заврши на 11-то место, без освоени бодови.

Следуваше нова тура на работа за механичарите. Кими возеше силно и стигна до 4-тото место. Прв влезе во бокс од првата четворка, во 35-от круг. Три круга подоцна во бокс влезе и неговиот тимски колега, потоа менуваше и Луис, а Нико се задржа на патеката до 42-от круг. Само што излезе од гаражата, Хамилтон се пожали на своите механичари дека му ставиле погрешни гуми (тврди) на што доби одговор дека тоа е се што имале.

Првото и второто менување на гуми значеа “пекол“ за Вилијамс. Ова не беше ден на нивните механичари, иако Ботас и Маса имаа солидна трка и последните 5 кругови се натпреваруваа меѓу себе и Ботас стигна пред Маса за 3 секунди. Мекларен, тркачки гледано имаше послаб викенд од Австралија. Во Мелбурн Џенсон имаше пласман, 11-то место, а овдека, во Сепанг, Фернандо се откажа во 25-от круг, а Батон во 44-от обајцата со технички проблеми.



Своја трка имаа и „децата“ од Торо Росо. Макс Верстапен кој во 5-от круг пред крајот успеа да го мине Карлос Сајнз Јуниор, за да му го земе 7-то место и да донесе два бода повеќе од него (6:4). Инаку, Верстапен беше последниот возач кој беше во исти круг со победникот. На крајот, Фетел победи со 8,5 секунди пред Луис и дополителни 4 пред Розберг. Кими имаше херојски ден и покрај сите пехови кои му се случуваат, успеа да дојде до 4-тото место и да донесе важни 12 поени за себе и за Ферари.

Прва победа за Фетел по 490 денови. Неговиот последен триумф беше во Бразил на 24.11.2013 година, сезоната кога беше шампион со Ред Бул. Прва победа на Ферари по 609 денови. Црвената боја беше највисоко на подиумот на 28.07.2013 година кога во Унгарија тоа им го овозможи Фернандо Алонсо.

Накратко кажано, ова беше херојска трка за целиот тим, маестрално менаџирана од Аривабене. Мерцедес покажа дека “многу арно - не е на арно“. По долгата доминација дошло до опуштање во тимот, нешто што ќе мора да се корегира уште на следната трка.​

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О