Кои се најсреќните, а кои најтажните жители во светот?

Луѓето кои живеат во државите во Латинска Америка се најсреќните луѓе во светот, според резултатите од последното истражување и анкета од Gallup. За првпат од кога се прават овие истражувања, првите десет држави на Индексот за позитивно искуство се од Латинска Америка.

Најсреќни се жителите од Парагвај, па оние од Колумбија, Еквадор и Гватемала кои имаат иста оцена. Податоците за процентот на среќни и пзотивни емоции на луѓето во светот, беа објавени по повод Интернационалниот ден на среќата.



Сосема на другата страна, односно земји со најмала оцена на оваа тема, се земји каде се случувале војни и каде сè уште има воени немири.



Кога станува збор за Македонија, има оцена од 64, што ги поставува Македонците некаде на половина на листата од најсреќни до најнесреќни луѓе во светот.



Истражувањето било спроведувано во текот на 2014-година, по телефонски и лични анкети, а анкетираните биле лица над 15 години.

Прашањата кои биле вклучени во истражувањето биле:

1. Дали се чувствуваш одморено?
2. Дали те третираа со почит луѓето вчера?
3. Дали се смееше многу вчера?
4. Дали научи или направи нешто интересно вчера?
5. Дали искуси радост, возбудливост во текот на вчерашниот ден?

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О