Анчелоти: Не, првенството не е завршено...

Во најголемото шпанско дерби, Барселона синоќа славеше против Реал Мадрид со 2:1 и им побегна на „Кралевите“ на четири бода...

„Ел Класико“ повторно беше исполнет со многу возбудувања, наелектризирана атмосфера и шанси на двете страни. На крајот, Барселона дојде до голема победа со која им се оддалечи на „Кралевите“ на врвот на табелата за четири бода.

„Освојувањето на титулата сега стана уште потешко, заостануваме четири бода, но нема да се откажеме. Да се сконцентрираме само на Лигата на шампионите? Не, првенството не е завршено“, изјави тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти по вчерашниот натпревар.



Серхио Рамос по натпреварот изјави дека тој и неговите соиграчи се свесни за пропуштените шанси кои на крајот ги чинеа пораз, а можеби и шампионска титула: „Знаеме каков ритам е потребен за ваков натпревар и јасно е дека промашувањата се составен дел од играта, но ние жалиме за своите шанси и лути сме поради тоа“.

Хавиер Маскерано е задоволен од победата на неговиот тим, но Аргентинецот тврди дека трката за шампионската титула во Примера сè уште не е завршена.

„Луд натпревар. Добро започнавме, постигнавме гол во раната фаза, но потоа Реал Мадрид ја превзеде иницијативата и до полувремето тие беа подобра екипа на теренот. Но, во продолжението повторно ја превзедовме контролата. Сепак, сè уште е долг патот до титулата“, изјави Маскерано.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О