Погледнете го видео записот од движењето на киднаперите на малото девојче во Белград!

Српското Министерство за внатрешни работи објави видео запис од движењето на француските државјани пред и после киднапирањето на Маша П. Министерот на полицијата тврди дека Србија ќе знае да одговори на овој обид за киднапирање.

Министерството за внатрешни работи, со согласност на Тужителството за организиран криминал, ги објави видео записите од движењето на француските државјани пред и после киднапирањето на 2-годишното девојче во белградската населба Браќа Јерковиќ.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, потенцира дека со ова сакаат да покажат дека полицијата во соработка со тужителството буквално до детаљ влегла во секој елемент на ова кривично дело и дека Србија ќе знае како да одговори на овој обид за киднапирање, за кој се надеваат дека нема да се повтори во иднина, пренесува српски Телеграф.



- Киднапирањето на нашата мала сограѓанка од Вождовац беше вест која исклучително ја вознемири Србија, секој родител и секој граѓанин на нашата земја. Со брза и енергична акција на полицијата покажавме дека нема да дозволиме Србија да биде полигон за криминални групи кои се занимаваат со трговија на луѓе кои ги крадат нашите деца и ги одведуваат во странство. Сакаме во соработка со тужителството, француските колеги но и другите европски полиции, да покажеме дека сме подготвени за ваквите организирани криминални групи и дека низ силно превентивно делување сакаме да спречиме за воопшто да помислат да дојдат во Србија, изјави министерот Стефановиќ.

Погледнете:

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О