Граѓанско будење за ослободување на МТВ

Околу петстотина граѓани денеска на пладне се одзваа на повикот на генерал Стојанче Ангелов за ненасилен упад во МТВ и пред телевизијата побараа нејзино ослободување од, како што тие велат прангите на власта. На разглас се пуштаа политички бомби, говор одржаа јавни личности, а кулминација се случи кога сите жени присутни на настанот извршија упад со љубов во телевизијата.

Протесот започна во 12 часот, каде Ангелов на разглас ги пушташе прислушуваните разговори од политичките бомби во кои се зборува за криминал и злоупотреба на функција.
Граѓаните со свирежи и извикување „Уаа“ го проследија секој објавен разговор и го вперија прстот кон МРТВ како сервис кој го плаќаат за да информира за сите случувања во земјава, а не го прави тоа.





Ангелов во својот говор посочи дека рејтингот на телевијата ќе порасне, кога ќе почнат да се објавуваат политичките бомби.

Говор пред насобраните граѓаните одржаа и актерите Сашо Тасевски и Синоличка Трпкова, кои дадоја максимална поддршка на оваа граѓанска иницијатива.

-Наликуваме на циркус во кој дваесет тренери удираат со камшик по човечињата. Ова е дваесет и први век во кој се водат медиумски војни. Но каде е МТВ? Медиумот за кој сите ние плаќаме. Секојдневно се случуваат улични протести. МТВ молчи. Студентите ги окупираа факултетите, МТВ беше како мртовец. Секој ден слушаме за криминалот на власта, а МТВ ни збор да изусти. Напоменувам дека ова не е партиски собир, туку граѓански, и оти навистина ни е дојдено преку глава. Ги повикувам граѓаните да го разбудат храбриот генерал во себе, рече Трпкова.



„Не сум тука да ви кажувам за лошата состојба во државата, вие тоа го знаете. Но дали тоа го знаат новинарите и уредниците во МТВ? Одамна е пречекорен прагот на неутралноста, затоа мора да и помогнеме на Македонија. Тоа што треба да го направиме е многу да се разлутиме и да викнеме: ,,Јас сум слободен човек!“. Само така ќе покажеме дека нашата татковина има вредност и дека нема да дозволиме никој да ни ја гази. И јас кажувам, лут сум и ова нема да го трпам повеќе!“- рече Тасевски пред насобраните граѓани.



Кулминација се случи два часа подоцна кога Ангелов ги повика сите жени присутни на собирот со љубов да го нападнат кордонот од полиција и да ја заземат телевизијата.



По говорот на генерал Стојанче Ангелов граѓанките на чело со актерките Синоличка Трпкова, Ирена Ристиќ, Софија Куновска и многу други се упатија кон влезот на МРТВ и почнаа да ги бакнуваат и гушкаат полицајците и да им ги даваат цедињата со политичките бомби во кои се слушаат разговорите на луѓе од власта и во кои се зборува за криминал и злоупотреба на функција.

Главниот ходник на телевизијата и влезната врата беа исполнети со кордон од специјалци кои не дозволија граѓанките да го преминат прагот и да влезат во МРТВ.

Присутните жени, сопруги, мајки, баби револтирано извикуваа дека тие ја плаќаат оваа телевизија и таа е должна да ги прими внатре, а полицијата не смее да ги спречи бидејќи тие се нивни деца и треба да го бранат интересот на јавноста.

„Од уста вадевме, за да ја изградиме оваа телевизија“, „Од ништо не се плашиме веќе“, извикуваа жените пред телевизијата.



МРТ долго време е критикувана од меѓународните организации, Европската комисија, како и од домашните невладини организации и новинарски здруженија дека не ја исполнува својата законска обврска да обезбеди фер и балансирано известување за сите политички и граѓански субјетки во Македонија, односно дека уредувачката политика е пристрасна кон владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

По обидот на упад во телевизијата, Ангелов ги повика присутните да се упатат кон Собранието на Република Македонија. Групата граѓаните таму се задржа половина час, а протестот заврши со ветување на Ангелов дека бомбите ќе се потруди да се слушнат и во најодалеченото село во Македонија и со повик целата опозиција да го поддржи во активностите за во иднина да го солобдат и Собранието на Република Македонија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О