Ова е најстрашната писта од пилотска перспектива

Огромен број туристи секоја година доаѓаат на плажата Махо на карипскиот остров Сент Мартин, за да уживаат во несекојдневната глетка на авиони.

На оваа плажа авионите буквално ви летаат над главата, со оглед на тоа дека во непосредна близина се наоѓа меѓународен аеродром.

Неодамна еден турист на својот Инстаграм профил објавил забавена снимка од прелетување на авион над Сент Мартин, што многумина потсетило на старата снимка од слетување на еден од најстрашните аеродроми во светот од перспективата на пилотот.

Пистата на аеродромот "Принцезата Јулијана" е долга вкупно 2.000 метри и се граничи со плажата, поради што туристите константно мора да водат сметка за својата безбедност.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О