Ме разбуди викање и гласот на Теодора. Кога се свртев ја видов Теодора целата во крв и помислив дека си ги пресекла вените бидејќи веќе два пати имаше обид за самоубиство. Ова го вели сопругот на Теодора која си ги уби мајката и бабата со сатар.
– Теодора беше прекрасна мајка и жена. Имаше проблеми со својата мајка и неможеше да се помири со тоа. Мајка и постојано ја понижуваше бидејќи не беше успешна, не можеше да живее со тоа. Постојано ја нарекуваше наркоманка и алкохоличар, вели тој за српски Курир и додава дека откако ги убила дошла и му кажала дека нема повеќе кој да ја понижува.
Со својата баба немала проблеми но често и велеше дека ќе ја избрка од дома бидејќи и беше важно што ќе кажат соседите.
– Покренав постапка за одземање на детето, вели тој но сака да остане со неа за да не се распадне семејството.