Приказните за природниот изглед паѓаат во вода: Сестрите Кардашијан пред светската популарност

Шоуто кое ги следи сите случувања, на сега веќе светски популарното семејство Кардашијан, влегува во 10-тата сезона од емитувањата. Главните актерки на ова ријалити шоу веќе станаа и планетарно познати ѕвезди, а нивните успеси и падови редовно се следат во изминативе години.

Пред камерите, тие се мажеа, разведуваа, караа и смируваа во раскошот на својата вила. Нивното ријалити шоу во просек го гледаат 10 милиони Американци секој ден, но и бројни обожаватели ширум светот. Но, колку се променија тие од моментот кога за прв пат стапнаа пред камерите?



Ким Кардашијан е секако најпознат член на ова семејство и се чини дека нејзината слава е во константен пораст. Без разлика дали се работи за гламурозната свадба, една од двете колку што ги имала до сега, или само за најобична промена на бојата на косата, светските медиуми го следат буквално секој нејзин чекор. Ким секако знае како да ја заинтригира јавноса, но умее и да претера, како што беше случајот со веќе добро познатата насловна страна на магазинот "Paper" или нешто порано во нејзиното домашно видео со поранешното момче. Освен за нејзиниот приватен живот, медиумите често нагодуваат за тоа дали Ким е редовен посетител на ординациите на пластичните хирурзи. Старлетата секако изгледа многу поразлично отколку што тоа беше случај во моментите кога за прв пат ја запознавме на малите екрани, но таа одбива да признае дека токму главна причина за тоа се филерите и интервенциите на хирурзите.



Иако денес е навистина успешна манекенка, Кендал Џенер при почетоците на нивното реално шоу, во 2007-мата година, беше само едно мало девојче. Од тогаш до денес, Кендал порасна, но за разлика од нејзините сестри, таа не се промени премногу. Сепак, ниту неа не ја заобиколија скандалите. На почетокот на својата манекенска кариера, Кендал сакајќи да побегне од своето славно презиме им забрани на сестрите и на останатите членови на семејството да дојдат на нејзината дебитантска ревија. Таа не ја избегна ниту љубомората на нејзините колешки кои за неа тврдат дека е само дете од познато семејство, и ништо повеќе.



Уште една од сестрите од ова семејство која одбива да признае дека го посетила пластичниот хирург е токму Кајли. Таа е најмладиот член на ова семејство која има 17 години и која буквално порасна пред камерите. За прв пат ја видовме кога таа имаше само 9 години, а публиката со неа работеше и на домашните задачи, го следеше нејзиниот пубертет и расправиите со родителите. Сепак, Кајли одбива да признае дека нејзините полни усни се дело на пластичната хирургија.



Клои многу често беше на метата на критичарите поради својата тежина. Пред камерите неретко плачеше, се смееше и се обидуваше да ослабе. Тоа беше и најголемата драма која ја видовме кај Клои. Нејзиниот брак со поранешната НБА ѕвезда Ламар пропадна поради неговото консумирање на опојни дроги. Но, колку и да ѝ беше тешко, Клои го менуваше својот изглед од сезона во сезона. Таа беше блондинка, па потоа слабееше, а се "шушка" и дека е чест гостин на третманите за вбризгување на ботокс.



Десет телевизиски сезони подоцна, и три породувања подоцна, Кортни е и понатаму речиси иста. Од почетокот на реалното шоу таа важеше за "најпаметна" бидејќи е единствена од сестрите кои се запиша на колеџ. Но, вистина е дека не го заврши бидејќи Кортни ги напушти студиите само после година дена. Во текот на реалното шоу имавме прилика и да ја видиме турболентната врска со Скот Дисик со кој има три деца, но и дека Кортни сака да ја провоцира јавноста со што ни покажа кога се фотографираше потполно гола во бременоста.



Како што наведуваат медиумите во САД, со семејството Кардашијан ќе се дружиме уште долго, бидејќи договорот вреден неверојатни 100 милиони долари со Е! каналот на кој се емитува нивното шоу истекува за дури четири години.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О