Царински службеници во една обична картонска кутија пронашле многу необична содржина... И многу вредна.
Италијански царински службеници во средата на аеродромот во Бергамо во обичен пакет испратен кон Соединетите Американски Држави пронашле џиновско јајце од праисториска слонова птица од Мадагаскар, пишуваат тамошните медиуми.
Јајцето долго 50 центиметри, вредно околу 90 илјади евра, било скриено во обична картонска кутија упатена на адреса во Лос Анџелес со декларирана вредност од 500 евра.
Италијанските власти, праисториските јајца ги третираат како предмети од културна вредност и за нивниот извоз е потребна посебна дозвола.
Слоновската птица (Aepyornis maximus), која изгледала како џиновски ему, била висока три метри, тешка половина тон и не можела да лета. Станува збор за најголемата птица на сите времиња. Слоновската птица живеела исклучиво на островот Мадагаскар, а изумрела во 17 век.
Иако за тоа нема докази, се смета дека за нејзиното исчезнување се одговорни луѓето.