Кај осомничениот е пронајдена автоматска пушка, со која, како што се претпоставува, во четвртокот вечерта е извршено двојно убиство.
Покрај Македонецот, кој работел како таксист во Белград, убиен е и 39-годишниот Мирослав Чворовиќ, кој застанал кога го видел такси-возилото на Тренески во канал.

- Според сите сознанија, Матиќ го убил таксистот со автоматска пушка затоа што немал пари да плати за возењето. Потоа го изрешетал и Чворовиќ, кој застанал со својата кола кога го видел заглавен такси-автомобилот во каналот. По злосторството тргнал кај сестра си, кај која дошол во посета. Таму ја сокрил автоматската пушка. Таа е пронајдена и дадена на вештачење. Сè уште се трага по автомобилот марка „југо“, кој бил во сопственост на втората жртва, наведува еден соговорник за српски Курир.
